ДАЛИ ВЕЛЕШКА СУДИЈКА УБЕДУВАЛА СВЕДОЦИ ЛАЖНО ДА СВЕДОЧАТ ?
Foto

ДАЛИ ВЕЛЕШКА СУДИЈКА УБЕДУВАЛА СВЕДОЦИ ЛАЖНО ДА СВЕДОЧАТ ?

Претседателката на основниот суд во Велес Лидија Димова вели дека ќе ги преземе сите законски овластувања кои ги има, за да го испита случајот со судијката Лорета Тодорова, која пред два дена од страна на адвокатот Ангел Ѓорѓиев, беше обвинета дека вршела притисок врз сведоци, лажно да сведочат во нејзина корист и дека за тоа им нудела и пари. Димова вели дека случајот е специфичен, оти обвинувањата кон судијката не се поврзани со нејзино нестручно и несовесно работење, туку за судски случај во кој таа е оштетена страна. Но, Законот за судовите предвидува дисциплинска постапка и против судија кој ја искористил функцијата за остварување на свои приватни интереси.

 

Според Законот за судовите, претседателот на судот е должен во рок од осум дена да го извести Републичкиот судски совет доколку кај некој судија се утврди дисциплинска повреда. Пред десетина дена, министерката за правда Рената Дескоска испрати писмо до претседстелите на судовите, во кои ги потсети на овие нивни обврски. Случајот со судијката Лорета Тодорова го отвори адвокатот Ангел Ѓорѓиев, кој пред два дена покажа писмени изјави од сведоци кои тврдат дека Тодорова им вршела притисок лажно да сведочат во предмет, во кој таа се појавува како оштетена страна, а за тоа, наводно им нудела и пари.

 

Судијката Лорета Тодорова ги негираше овие тврдења, но одби да даде изјава. Претседателката на велешкиот суд Лидија Димова вели дека нема информација дали е поднесена кривична пријава против судијката Тодорова, но, во интерес на интегритетот на функцијата која ја врши, потсети на презумпцијата на невиност, се додека не се потврди евентуалната вина.

0 Коментари

Остави коментари