Дали корона вирусот ќе и наштети на трговијата?
Foto

Дали корона вирусот ќе и наштети на трговијата?

Светот нема да го гледа стартот на мото Ге пе шампионатот во кралската класа во Катар. Во Париз и Лувр под клуч. Откажан престижниот француски книжевен настан „Салон на книгата“. Берлин го откажа светскиот туристички саем. Во Кина, бројот на заразени од корона вирусот се намалува. Но, Европа е во пик. Освен Италија и Франција се соочува со голема бројка на заразени. И во Македонија се откажуваат јавни настани. Драмски ги затвори вратите, спортските натпревари без публика. И во светот и дома, секое откажување значи финансиката загуба. На глобалниот пазар цената на нафтата во пад, а златото во пораст. Македонските граѓани откажуваат турстички аранжамани. Но, и странски туристи откажуваат престој во земјава. Треба или не да се патува? Дали корона вирусот ќе и наштети на трговијата, на компаниите,на протокот на капитал, на финансии, на стандарот?

Во 24 тренд анализа одговорите од Љупчо Јаневски, Агенција за туризам, Висар Адеми економски аналитичар, Владимир Филиповски универзитетски професор и Ангел Димитров, претседател на организација на работодавачи.

0 Коментари

Остави коментари