Дали компаниите кои добија пари од фондот за иновации ги реализраат проектите?
Foto

Дали компаниите кои добија пари од фондот за иновации ги реализраат проектите?

Фондот за иновации троши 430.000 евра за ревизорски компани кои ќе мониторираат дали фирмите кои добиле гранд за иновации се држат до бизнис планот или фаќаат кривини. Фондот уште во март годинава склучил договор со „Дилоит“ тежок речиси 144.000 евра, а пред десетина дена склучил уште еден овој пат со „Дилоит„ и со „Гранд Тортон“ вреден речиси 288.000 евра. Ревизорите треба да мониторираат вкупно 130 компании кои добиле 28,5 милиони евра за иновации. Од Фондот велат дека морале да склучат уште еден договор зошто веќе се потрошиле 144.000 евра од првиот тендер.

Првата постапка е завршена заради исцрпување на вредноста на договорот. (Deloitte) има реализирано мониторинг на вкупно 101 квартални и завршни извештаи од проектите.Втората постапка е во вкупен износ од 15 милиони МКД (без ДДВ) за период од една година или до исцрпување на вредноста на договорот. Во рамки на оваа постапка за јавна набавка избрани се два изведувачи (Deloitte и Grant Tornton).Во рамки на втората постапка (потпишани договори во јули 2019г.) отпочнато е со мониторинг на 28 квартални извештаи.“- велат од Фондот за иновации.

Ревизорите треба да ги проверуваат компаниите, добитнички на грантови дали парите ги користат наменски, и од нивниот амин зависи дали ќе ја добијат наредната рата од грантот. 

Во моментов, под ваков модел на мониторинг се 130 корисници на средства на Фондот, што реализираат проекти во износ од околу 1,75 милијарди МКД (28,5 милиони евра). За овие проекти има вкупно предвидени 689 квартални и финални извештаи, вклучително и теренски посети и процесирање на барања од корисници“- велат од Фондот за иновации.

На последниот повик пак на Фондот, сепак се пријавени и шест компании кои декларирале дека имаат во сопственичката структура лица блиски до поранешни или актуелни функционери. И тие се во трка да зграбат дел од колачот за годинава, наменет за иновации.

Скандалот пак со трите фирми блиски до функционери од ланскиот повик, сеуште не е решен. По многуте проверки, Фондот уште чека мислење и од Антикорупциска, за потоа Комитетот да пресече дали парите ќе ги добијат фирмите во кои има роднини на бившиот министер Веле Самак, екс министерот за култура Асаф Адеми и поранешниот амбасадор Јован Донев. А во меѓувреме снаата на Цветанка Ласкова се откажа од грантот.

0 Коментари

Остави коментари