ЦСКА Москва повторно владее со кошаркарска Европа
Foto

ЦСКА Москва повторно владее со кошаркарска Европа

Кошаркарите на ЦСКА Москва се нови кошаркарски шампиони на Стариот континент, откако вечерва со доминација во текот на сите 40 минути, го совладаа тимот на Анадолу Ефес (91-83) во финалето од завршниот турнир во Евролигата што се одржа во шпанска Виторија. Московјани го диктираа темпото и го имаа водството во целото финале и сосема заслужено дојдоа до триумфот.

Шутот од далечина беше главно оружје на кошаркарите на ЦСКА со оглед што постигнаа дури 14 тројки од 22 обида. Кори Хигинс и Вил Клејбурн со по 20 поени беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Шејн Ларкин со 29 поени беше убедливо најдобар во составот од Истанбул. Во малото финале, екипата на Реал М. лесно и убедливо го совлада Фенербахче со 94-75.

Претходно, во полуфиналните пресметки, рускиот состав беше подобар од „кралевите“, а Ефес во турското дерби со поранешниот тим на Перо Антиќ. За „црвената армија“ ова е осми трофеј во најсилното европско натпреварување со што се зацврсти на второто место на вечната листа победници, зад ланскиот победник Реал Мадрид кој има десет титули, а пред Макаби Тел Авив и Панатинаикос кои имаат по шест.

0 Коментари

Остави коментари