Црногорскиот министер за внатрешни работи во посета на земјава
Foto

Црногорскиот министер за внатрешни работи во посета на земјава

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ денеска ќе престојува во работна посета на земјава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што се наведува во соопштението, Секуловиќ ќе има работна средба со неговиот домаќин, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

По средбата предвидена се изјави за медиумите на двајцата министри.

0 Коментари

Остави коментари