Црн биланс од Ковид-19 во Шпанија, 849 починати
Foto

Црн биланс од Ковид-19 во Шпанија, 849 починати

Бројот на заразени со Ковид-19 во Шпанија се искачи од 85.195 вчера на 94.417 утрово, додека бројот на починати се зголеми за 849 на 8.189, покажуваат најновите податоци од шпанското Министерство за здравство, пренесува РТ.

Зголемувањето на бројот на починати е рекорд за еден ден во земјата од почетокот на пандемијата.

Шефот на итната медицинска служба во Шпанија, Фернандо Симон, во неделата вечер беше позитивен на тестот за коронавирус и беше заменет од Марија Хозе Сиера, која потврди дека најмалку 12.298 здравствени работници се зарзени со Ковид-19 досега, што претставува приближно 14 отсто од вкупниот број заразени во земјата.

Во меѓувреме, речиси 20.000 луѓе закрепнаа од инфекцијата.

0 Коментари

Остави коментари