Чулев: Полицијата подготвена да обезбеди услови за фер, демократски, но и безбеден изборен процес
Foto

Чулев: Полицијата подготвена да обезбеди услови за фер, демократски, но и безбеден изборен процес

Под посебен засилен полициски мониторинг на денот на изборите ќе бидат неколку критични избирачки места  во Охрид каде низ изборните циклуси минатите години биле евидентирани најголем број  нерегуларности - поткупување гласови, агитирање, групно гласање.

Началникот на СВР Охрид вели тоа се избирачки места каде живеат социјално ранливи категории на граѓани.

За полициските службеници од Скопје и Куманово кои периодов агитирале кај граѓани за одредена политичка партија министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави строги казни.

Според Чулев  полицијата е подготвена да обезбеди фер, демократски и безбедни избори, обезбедена  е заштитна опрема за полициските службеници и сите потребни материлјално технички средства.   

Инаку со оглед на големата фреквенција на туристи во Охрид, и поради безбедноста но и поради корона вирусот летово ќе се засилат полициските контроли низ целото градско подрачје. Ќе се интензивираат и казнувањата за неносење маска, групирања низ угостителските објекти и  непочитување на правилата за движење на јавни места.

0 Коментари

Остави коментари