Чулев: На земјава и се потребни избори, но здравјето на граѓаните е приоритет
Foto

Чулев: На земјава и се потребни избори, но здравјето на граѓаните е приоритет

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев смета дека на земјава и’ се потребни фер и демократски избори, но во оној момент, кога граѓаните без страв за своето здравје ќе излезат и ќе го поддржат тој во кого веруваат.

Чулев во интервју за порталот „Република“ вели дека министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни мерки за фер и демократски избори и упатува апел за разумност при носењето на какви било одлуки кои би значеле загрозување на здравјето на нацијата и би ја довеле во прашање кредибилноста на тие избори.

Во однос на 80 часовниот карантин викендов во одредени градови, меѓу кои и главниот, Чулев нагласува дека одлуките кои ги носи Владата се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните и тие се дел од мерките насочени кон справување со коронавирусот, но смета дека одлуките се носат со недоволни аргументи и се базираат повеќе на политика, отколку на реални факти.

0 Коментари

Остави коментари