Четириесет медицински сестри за неполна година си дале отказ од Клиничкиот Центар во Скопје – оние што останале одвај постасуваат со работа
Foto

Четириесет медицински сестри за неполна година си дале отказ од Клиничкиот Центар во Скопје – оние што останале одвај постасуваат со работа

Четириесет медицински сестри за неполна година си заминале од Клиничкиот Центар во Скопје. Станува збор за искусни сестри, со долг стаж и работно искуство, кои си дале отказ, најголем дел за да заминат да работат во странство. Ова го покажуваат податоците на самостојниот синдикат на клинички. Од синдикатот се загрижени што работните места ги напушта искусен кадар, кој е тешко да се замени со нов.

„Мене ми е жал и како пациент, но и како граѓанин дека тие медицински сестри што заминуваат се ретко млади сестри, тоа се главно сестри со сериозно работно искуство, докажани во својата професија, на одговорни места на клиниките, како одделенски медицински сестри, одговорни сестри кои што водат одредени софистицирани дијагностички процедури и кои што тешко може да се надокнадат. Тоа е спремен кадар кој што баш во тие години треба да му служи на ова општество, на граѓаните за да имаме бенефит сите“. - вели Јулија Јовановска – Самостоен Синдикат на Клинички Центар.

Во ГОБ „Осми Септември“, пак за неполна година си заминале 18 медицински сестри, а од болницата велат има најави дека до крајот на годинава бројката ќе се искачи на 25.

Од старата градска болница во Скопје „Св. Наум Охридски“, пак, од почетокот на годинава заминале 17 медицински сестри, од кои 9 се пензионирале, 6 си заминале со спогодбено преземање и две си дале отказ.

На сметка на ваквиот масивен одлив, медицинските сестри кои остануваат во Македонија одвај постастуваат со работа. Од здруженијата посочуваат дека особено проблем се дежурствата за време на летните одмори.

„Проблемот е голем, секое лето е исто. За време на годишните одмори каде една третина од персоналот ви е присутен на одделението законски треба да му дозволите да замине на годишен одмор. Вие имате ситуација каде што ниту еден стандард на одделенијата не е задоволен. Говорам за стандарди за број на сестри. Тоа се три стандарди предвидени со СЗО, по основ на број на кревети, по основ на креветна зафатнина и по основ на број на доктори. Ние по ниту еден основ никаде не сме пополнети со број на сестри онолку колку што треба. Мислам дека синдромот на соговорување веќе преовладува во сестринската фела и се почесто слушаме за професионални заболувања, одлив поради боледувања итн. Незадоволоството доаѓа од таму што во одредени здравствени институции, тоа им е платено по основ на сменска работа и тоа се многу минимални суми, а 24 часовната работа на медицинските сестри е многу тешка.“ - вели Гордана Бешлиева – Здружение на медицински сестри „За нас“.

Според податоците на синдикатот, во моментов во Македонија има 8.200 медицински сестри, за разлика од пред 5 години кога имало вкупно 11 000 сестри.

И покрај ваквите податоци, здравствените власти тврдат дека состојбите во последниве две години се подобрени, а дека одливот на кадар не е проблем отсега, но дека оваа Влада покажала подготвеност за подобрување на статусот на медицинскиот персонал, со цел тие да се задржат во државава.

0 Коментари

Остави коментари