Чешка ќе бара текстилни работници во Македонија
Foto

Чешка ќе бара текстилни работници во Македонија

Поради недостиг од работници чешките компании планираат бизнисот да го шират во Македонија. Тоа е главната точка на дводневнот македонско-чешки форум што се одржува во Штип. Македонските текстилни компании се расположени за соработка, а шансата за опстанок  ја гледаат во преориентирање кон производство на заштитна облека и униформи.

Недостигот на работници во Чешка може да им донесе работа на македонските текстилни компании. Со невработеност од само 2.6 проценти и просечна плата од 1000 евра, чешките текстилни компании тешко наоѓаат работници. Откако увозот на работна сила од Укранина се покажал како погрешен потег, планираат бизнисот да го шират во Македонија.

И македонските компании тешко наоѓаат работници. Главно поради лошите работни услови и ниските плати. Тоа придонесува за демотивираност на младите и стареење на вработените во оваа индустрија. Според последните истражувања од три до пет проценти се намалил бројот на вработени во овој сектор. Шанса македонските текстилци гледаат во преориентирање кон секторот за заштитна облека и униформи, а  можна е и соработката во т.н технички текстил кон што најмногу се ориентирани компаниите во Чешка.

Една од главните работи по што се разликуваат македонската и чешката текстилна индустрија се правата на работниците кои се регулирани со колективни договори.

0 Коментари

Остави коментари