„Челичен удар“ врз индустријата
Foto

„Челичен удар“ врз индустријата

Македонската челична индустрија ќе дожиее колапс од Европските квоти и царини, тврдат домашните челичарници. Покрај удар за оваа индустрија, мерката ќе ја разниша целата економија и стабилноста на земјава. Велат немаат алтернативен пазар за европскиот, па така висат 120.000 тони домашен челик годишно, што би значело клуч на фабриките 4,5 месеци. Тоа ќе се одрази и врз вработените - најавуваат принудни одмори.

„“Невозможно е кога имаш 1 милион фиксни трошоци и нема да имате производство, незвоможно е тоа да не се одрази на вработените, дали ќе биде принуден одбор или било што. - вели Митко Кочовски, Макстил.

Со европските квоти и царини се опфатени пет домашни компании- Макстил, Арчерол Митал, ИГМ, Металопромт и ФЗЦ Куманово. Според Кочовски, Владата до крај преговарала но одлуката е конечна.

„После воведувањето на овие мерки кои се однесуваат за сите земји, не постои можност за исклучок за Македонија. Барем не на ова ниво на кое се овие мерки донесени.“ - вели Кочовски.

За Министерот Тевдовски пак тоа е процес кој не е завршен. Се надева дека тоа нема да се одрази на планираниот економски раст. Реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Мерките според нив се резултат на неспособноста на Владата која ништо не направила земјава да биде изземена.

„Штетата ќе биде 200 милиони евра директоно во компаниите кои произведуваат како и индиректна во компаниите кои ги опслужуваат. Во 2019, може да се очекува колапс на оваа индустрија и околу 5000 луѓе да останат на улица.“ - вели Александар Николоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера, вицепремиерот Бујар Османи кажа дека Европската комисија во петокот упатила нота до Македонија со која ја известува земјата за воведување на заштитни мерки за извоз на челик и за алуминиум за наредните три години. По надминување на квотата, компаниите ќе плаќаат 25 отсто царина. Османи рече дека приближно штетата за македонската економија би изнесувала околу 100 милиони евра годишно. Компаниите до денес треба да достават пресметка колкави ќе бидат штетите од европските заштитни мерки. Потоа информацијата ќе биде разгледана на владина седница, по што ќе се знае дали владата ќе преземе нешто за санација на последиците од овие мерки.

0 Коментари

Остави коментари