Чад Волф нов вд министер за внатрешна безбедност на САД
Foto

Чад Волф нов вд министер за внатрешна безбедност на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го именува Чад Волф за вршител на должноста министер за внатрешна безбедност на САД.

Волф ќе биде петти раководител на тоа министерство во администрацијата на Трамп.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Волф ќе биде следниот министер, Трамп рече: „Тој веќе тоа го работи, ќе видиме што ќе се случи“.

Портпаролот на Белата куќа Хоган Годли подоцна појасни.

– Како што рече претседателот, Кевин Мекеленан одлично ја вршеше работата. Тој заминува по Денот на ветераните, а Чад Волф ќе биде вршител на должноста привремено, рече Годли.

Волф беше шеф на кабинетот на претходната министерка Кирстјен Нилсен.

0 Коментари

Остави коментари