Цената на нафтата на светските берзи се зголеми за 13,8 проценти
Foto

Цената на нафтата на светските берзи се зголеми за 13,8 проценти

Цената на фјучерсите на нафтенатата марка Брент при отворањето на берзата ИСЕ во Лондон се зголеми за 13,86 проценти на 69,91 долари за барел, јавија светските медиуми.

Во првите минути, цената на нафтата достигна плафон од 71,95 долари за барел. Последен пат цената на нафтата беше на ниво од 71 долар во мај 2019 година.

Цените на нафтата растат после извештаите за напади со дронови на нафтени постројки во Саудиска Арабија.

Според „Волстрит џурнал“, саудиските власти очекуваат националната нафтена компанија Сауди Арамко до вечер да го продолжи производството на нафта за една третина. Според весникот, нападите го намалија производството на нафта за 5,7 милиони барели на ден.

0 Коментари

Остави коментари