Цената на бензините се зголемува за 1 денар, на дизелот за 0,5 денари
Foto

Цената на бензините се зголемува за 1 денар, на дизелот за 0,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 отсто.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,5 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,772 денари и сега ќе изнесува 36,009 денари за кикограм.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 69,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 71,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,009 (денари/килограм).

0 Коментари

Остави коментари