Целовечерен концерт на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје

По повод празникот на сесловенските провсетители Св. Кирил и Методиј - на 18-ти мај (среда), Академското културно-уметничко друштво ќе одржи целовечерен концерт во Домот на Армијата.

Овој концерт традицинлано се одржува секоја година. Поради настаната пандемија, по пауза од две години – друштвото продолжува со реализација на концертниот репертоар на ансамблот.

Учество на концертот ќе зеде целиот фолклорен ансамбл, народниот оркестар како и хорскиот ансамбл при АКУД „Мирче Ацев“ - Скопје.

На програмата ќе се најдат и кореографски постановки кои ги поседува само фолклорниот ансамбл, меѓу кои „Чорбаџиско“, „Ромски игри“ како и веќе препознатливите „Лазаренки“, „Мариовска Тресеница“, „Источна Македонија“ и тн.

Покрај фолклорниот ансамбл, академскиот хор ќе изведе кореографски музички перформанс на најпознатите хитови на шведската група „АББА“

Почетокот на концертот е предвиден во 20:00 часот.