Цана за тв 24: Морална е обврската да се даде оставка по ваква трагедија
Foto

Цана за тв 24: Морална е обврската да се даде оставка по ваква трагедија

Доктор Фадил Цана, специјалист инфектолог на Клиниката за инфективни болести во емисијата 24 анализа, во врска со вчерашната трагедија во Тетово, истакна дека како лекар смета дека за оваа трагедија треба да се сноси договорност.

„Сметам дека било кој, не само министерот, да беше во таа позиција и во било која држава, морално би требало да се сноси одговорност и да им се отвори пат на органите за истрага. Морална е обврската да се даде оставка, а пред тоа би требало прво што е до негова надлежност, сите одговорни во раководењето на тетовската болница да бидат разрешени.“ - рече Цана.

Доктор Цана смета дека правно треба да се одговара и некој да сноси вина ако тоа го пкаже истрагата. Шокантно е да се дознае дека во тој ковид центар имало и роднини на пациенти. Тие внатре влегувале и излегувале кога сакале и тој ковид центар не служел само за лекување, и од негова гледна точка тоа било жариште за проширување на инфекцијата. Смета дека сето тоа се одвивало со знаење на персоналот и министерствто изатоа треба да сносат морална и правна одговорност.

0 Коментари

Остави коментари