БУРНИ РЕКАЦИИ ВО ЈАВНОСТА
Foto

БУРНИ РЕКАЦИИ ВО ЈАВНОСТА

Врие во јавноста и на социјалните мрежи по снимката која ја потврди пратеникот Павле Богоевски, тврдејќи дека не купува кокаин, туки масло од канабис. Дел од правниците со порака дека јавното обвинителство дека треба да покреме постапка, а на Богоевски му се заканува затвор. Дел од јавните личноти бараат оставка од пратеникот, а дел го поддржуватат тврдејќи дека Богоевски ја зборува вистината.

Замир Мехмети, еден од активистите на Шарената револуција, преку социјалните медиуми застана во одбрана на пратеникот

- „По игра на случајност знам за приватните проблеми со кои се соочува Павле. Знам за трагедијата која есеноска му се случи нему и на неговото семејство. Сестра му настрада во тешка сообраќајна несреќа и после повеќе од 20 дневна кома се разбуди со тешки последици. Маслото од канабис и помага за полесно справување со болките исто како што помага и за ублажување на симптоми од многу болести.Не знам за вас но јас лично би одел до Северна Кореа да го договорам и Ким Јонг Ун за пола нуклеарка ако тоа би му помогнало на некој мој близок“. - пишува Замир Мехмети.

Според адвокатот, Алексндар Тортевски, обвинителството има основ да покрене постапка со тоа што Богоевски призна дека набавувал масло од канабис.

 - „Ако пред јавен обвинител го повтори тоа и ако сестра му потврди дека некое време добивала масло од канабис од него, тогаш тоа е веќе сигнал за кривично дело со кое се предвидува минимум една година затворска казна. Отежителна околности е тоа што Павле е пратеник. Како носител на јавна функција има поголема одговорност, има познавање на законите, а треба и да биде пример за останатите граѓани“ – вели Тортевски.

Професорката Мирјана Најчевска смета дека сите пратеници и функционери двапати годишно треба да бидат проверувани за за употреба на психотропни супстанци.

 - „Функциите носат привилегии, но мора да носат и ограничувања. Јас лично сум за легализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон конзумирањето на психотропни супстанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави. Јас исто така мислам дека треба да има тестови за општа интелегенција“, смета Најчевска.

Откако снимката се прошири низ социјалните мрежи, оставка од Богоевски побара актерот Драган Спасов Дац кој минатата година се повлече од директорското столче на МНТ, кога со кола под дејство на алкохол удри во девојка. Но Павле Богоевски вчера порача дека по оваа снимка, не би поднел оставка од функцијата пратеник.

0 Коментари

Остави коментари