Бурата Умберто се упати кон Бахамите
Foto

Бурата Умберто се упати кон Бахамите

Делови од северозападот на Бахамите, кои недомна беа на удар на ураганот Доријан, во текот на викендов повторно ќе бидат погодени, овој пат од новоформираната тропска бура Умберто, која ќе донесе бурни ветрови и силни дождови, но не и големи морски бранови.

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека бурата била лоцирана на околу 209 километри источно и југоисточно од островот Абако, и дека се движи кон северозапад со брзина од 10 километри на час.

Јачината на ветрот достигнувала 64 километри на час, пренесоа американските медиуми.

Во северозападните делови на Бахамите прогласено  е предупредување за бура. Метеоролозите не очекуваат бурата да го погоди брегот на Флорида, така што состојбата за опасност од бура во оваа сојузна американска држава веќе не е во сила.

0 Коментари

Остави коментари