Бујар Османи казнет за зборување по телефон додека вози
Foto

Бујар Османи казнет за зборување по телефон додека вози

Вицепремиерот Бујар Османи ќе добие прекршочна пријава од МВР поради користење на мобилен телефон додека возел, што сам го снимал на видеото кое го објави викендов. Како што се гледа на видеото, објавено од Османи, на својот профил на фејсбук, тој додека управува со автомобилот разговара на телефон и минува преку полна линија. МВР информира дека против него е поднесена прекршочна пријава поради кршење на законот за патен сообраќај.  

0 Коментари

Остави коментари