Бујар Османи би го сменил уставот за да ги вметне и бугарите во него
Foto

Бујар Османи би го сменил уставот за да ги вметне и бугарите во него

Додека се спроведува првата фаза од пописот министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека Ако треба Бугарите ќе бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница, иако досега никој тоа не го побарал.

Тој вели дека „Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани“. 

Ваквите изјави на шефот на дипломатијата доаѓаат во период кога претседателот на Бугарија Румен Радев побара да се заштитат сите Бугари кои живеат во Македонија. Поради што со свој став се јави и Европската комисија која побара Радев да не го политизира пописот во Македонија. 

„Евростат постојано го поддржува Државниот завод за статистика да ги усогласи статистиките со стандардите на ЕУ. Пописот треба да остане статистичка операција, а не политичка, и ги повикуваме сите што придонесуваат за пописот да го прават тоа на конструктивен начин“,  изјави портпаролката Ана Писонеро 

Барањето на Радев до шефовите на бугарските специјални служби да преземат мерки за заштита на правата на Бугарите надвор од Бугарија, поконкретно во Македонија ја  разбранува јавноста.  Македонската влада и претседателот оценија овој  потег на Радев е непотребен во услови кога земјите се членки на НАТО и дека ова е мешање во внатрешните работи.  

Инаку Османи денеска апелираше дека нема да дозволи македонското МНР да стане дел од дневниот предизборен политички фолклор во Бугарија. Во меѓувреме се уште е на маса финализирањето на Акцискиот план маѓу Македонија и Бугарија за надминување на споровите поради кои Бугарија ја блокираше преговарачката рамка на  Македонија со Европската uнија.

А билатералниот спор со Бугарија се најде и во најновиот Извештај на европратениците кој го усвои Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент. Комисијата го повика Брисел што поскоро да ги отвори пристапните преговори со земјава. И покрај донесената резолуција ЕП нема да влијае врз одлуката на Европскиот совет за доделување датум за старт за преговори на Македонија.

0 Коментари

Остави коментари