Бугарски граѓани протестираа против одлуката на Макрон
Foto

Бугарски граѓани протестираа против одлуката на Макрон

Десетици бугарски интелектуалци, видни личности и граѓани се собраа пред амбасадата на Франција во Софија за да го изразат своето несогласување со одлуката на владата во Париз да го блокира почетокот на пристапните преговори за Скопје и Тирана.

Организаторите на собирот, од кои дел се потписници на петицијата против декларацијата на бугарската влада во однос на Европските интеграции на Македонија, доставија и писмо до францускиот претседател Емануел Макрон во кое се бара од него да ја преиспита својата позиција околу отпочнувањето на претпристапните преговори со Македонија и да не ја ризикува стабилноста на Балканот.

„Ова е прв протест во Европа кој дава поддршка на една соседна земја за приклучување во Европскиот сојуз. Европска иднина на македонија е единствениот начин за стабилизавција на Балканот. Само така ќе може да се спречи дестабилизација на целиот регион но и на Европа.“ - изјави Андреј Врабчев.

Врабчев вели и дела доколку двете држави одново се најдат во два различни блока, ќе се создаде сценарио кое ќе влијае врз целиот Балкански Полуостров а и самата земја ќе западне во криза.

 

 

0 Коментари

Остави коментари