Бугарски „Фокус“: Груевски веќе не е во Унгарија?
Foto

Бугарски „Фокус“: Груевски веќе не е во Унгарија?

Бегството од државата на поранешниот перимиер на Владата на Република Македонија и екс-лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, веќе една недела е топ-вест во сите домашни, но и во медиумите во регионот и пошироко. Начинот на кој Груевски го извел бегството, каде тој се крие и дали веќе е пристигнат на крајната дестинација и натаму е во сферата на шпекулациите. Најновите информации поврзани со Груевски се дека тој, наводно, ја напуштил Унгарија и дека пребегал во Руската Федерација. Со ваков став е и Габор Дори, од Институтот за политички решенија во Будимпешта. Тој, во интервју за бугарското национално радио ќе каже дека пријателството на Груевски со унгарскиот премиер Виктор Орбан е уште една причина зошто поранешниот македонски лидер се крие во Будимпешта. Дори, во интервјуото ќе каже дека  јавното мислење во Унгарија е поделено, бидејќи медиумите под контрола на владата не му посветуваат многу внимание на случајот, а опозицијата сериозно критикува.

„Причината, на одлуката да му се дозволи на Груевски влез во Унгарија не одговара на официјалната политика во однос на бегалците. Тие гледаат лицемерен однос и спроведување на оваа политика само во случаите за кои Владата процени и врз основа на личните односи на премиерот со друг човек.“ - вели Дори.

Откако во јавноста излегоа информациите дека за бегството на Никола Груевски биле употребени унгарски диполматски возила, дел од медиумите во Унгарија почнаа се погласно да ги изнесуваат сомнежите дека во организирањето и во бегството би можело да има удел и кабинетот на премиерот Орбан. Во дел од нив различно се коментира можноста Груевски да добие азил, но заклучокот е речиси секаде идентичен: премногу е вложено во неговото бегство за на крајот тој да биде вратен во Македонија. Се уште низ унгарските електронски медиуми не се шпекулира околу потезите кои би следувале, но не се исклучува ниту можноста екс-премиерот да замине во некоја трета земја.

Весниците потсетуваат дека анти-Сорос пропагандата ги зближила Груевски и Орбан, напоменувајќи дека македонскиот екс-премиер бил првиот кој застанал зад Орбан по однос на ова прашање, но не изостанува ниту забелешката дека и двајцата имаат проруски ставови.
Британскиот „Гардијан“ во своето најново издание објаснува дека властите во Скопје требало да го слушнат и соопштението од Тирана, од каде се тврди дека Груевски имал помош од унгарски дипломати. Весникот „Телеграф“ со став дека Груевски треба да буде избркан од Унгарија, односно да биде протеран во Србија, од каде што и влегол во Унгарија. „Би-Би-Си“, во сторијата за Груевски го појаснува скандалот со илегалното прислушување во Македонија и појаснува дека унгарските власти потврдиле дека Груевски е во нивната земја, но дека никој не кажува како тој допатувал. За „Њујорк тајмс“, и покрај пријателството помеѓу Орбан и Груевски, неразбирирлива е одлуката да примат уште еден бегалец кога Унгарија беше првата земја која со жичена ограда се обиде да ги спречи бегалците од земјите каде се водат војни. За Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично интегрирано управување, во бегството на Груевски од државава има сериозна вмешаност на унгaрските разузнавачки сили.

„Вториот секретар, заменик-амбасадорот. најчесто е разузнавач скриен зад дипломатскиот пасош. Конзулот најчесто е лице од безбедносните служби, па учесниците во она што го презентираа албанските и црногорските власти наведува дека се луѓе од службата, делегирани во дипломатијата, но загрижува фактот што се случувало на наша територија. Секако дека и од внатре имало силна логистика. Тие служби не би можеле сами да го изведат ова без силна логистика во Скопје.“ - вели Пивоваров.

Професорот Пивоваров оценката ја црпи од информацијата за патеката и начинот на кој Груевски стигнал во Унгарија. Тој е на ста  дека екс премиерот не можел да избега доколку немал помош од надвор. Извори за тв 24 велат дека тој воопшто не ја напуштил таа земја.

0 Коментари

Остави коментари