Бугарија ја прекина вакцинацијата со „Астра Зенека“ по смртен случај, Хрватска води истрага за смртен случај повторно по прием на вакцината
Foto

Бугарија ја прекина вакцинацијата со „Астра Зенека“ по смртен случај, Хрватска води истрага за смртен случај повторно по прием на вакцината

Хрватската агенција за лекови и хрватскиот Завод за јавно здравје испитуваат случај на смрт поврзана со згрутчување на крвта по примањето на вакцината од „Астразенека“.

Како што пишува „Јутарњи лист“, 91-годишна жена починала од белодробна емболија три дена откако била вакцинирана. И Бугарија престана да ја користи вакцината на „Астразенека“ по смртта на една жена.

„Фаталниот исход кој се случил за 57 годишната жена. Кој се случил во нејзиниот дом. Изутрината во 03 часот. Вакцинацијата е извршена вчера во 12 часот. Жената дошла дома без никакви поплаки. Но утрото почнала да чувствува потешкотии во дишењето. Повикана е и итна помош. Но кога тие пристигнале останало само да констатираат смрт. Сега има многу прашања. Чекаме да заврши аутопсијата. Сепак сакам да им стане јасно на сите. Ова е превентивна мерка за да сме сигурни дека по седум дена откако ќе излезе заклучокот на судска мнедицина. Да го кажеме конечното решение дали ќе продолжиме со вакцинацијата со Астра Зенека.“ - изјави Костадин Ангелов министер за здравство на Бугарија.

Белгија денеска извести дека се идентификувани два сомнителни случаја на тромбоза по вакцинирање со АстраЗенека, но вакцината засега нема да биде повлечена. Случаи на тромбоза беа детектирани во Данска, Австрија и други европски земји по вакцинација со АстраЗенека.

По што во Данска исто така вакцината е повлечена. Од другастрана пак Германија планира да ја зголеми употребата на вакцината на „Астра зенека“, бидејќи властите одобрија дека може да се дава на лица постари од 65 години и полска и се придружи на германија и кажа дека ќе ја користи оваа вакцина. Во одбрана на вакцината застана и австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој кажа дека ќе се  вакцинира токму со „Астра Зенека“

„Откако голем број луѓе изразија загриженост, лично ќе се вакцинирам со ‘АстраЗенека‘ за да ја покажам довербата во оваа вакцина.“ - изјави 

Инаку САД стигнаа до бројката од 100 милиони дадени вакцини против ковид-19, според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести  Околу 35 милиони луѓе се целосно вакцинирани со две дози, што е 13,5% од возрасното население.

0 Коментари

Остави коментари