Буџетот за 2020 скроен - повеќе пари за граѓаните и работниците за плати
Foto

Буџетот за 2020 скроен - повеќе пари за граѓаните и работниците за плати

На само неколку дена пред следната недела на владина седница да биде усвоен Буџетот за 2020-та министерката за финансии, Нина Ангеловска вели дека најголем дел од средствата одделени и проектирани за ПИОМ се однесуваат токму на човековиот капитал, особено во областите  здравство и образование. 

Тврди вака проектираниот Буџет за платите претставува оддржлива системска мерка и за наредните години за вработените на оние работодавци кои ќе ја прифатат подадената рака  од Владата. 

Сепак на новинарско прашање дали со вкупното зголемување од над 64 милиони евра во Фондот за пензиско и инвалидско Владата се обидува направи скриено покривање на дефицитот, министерката тврди дека тој ќе биде задржан на стапката од 2,3 отсто.

Сепак и денеска министерката јавно не откри колкава била сумата што првично била побарана за ПИОМ и вели станува збор за податок кој не е од јавен карактер, а предлог Буџетот се уште е на доработка. Тврди деталите ќе бидат познати откако на идниот владин состанок ќе се дискутира за тоа, а дури потоа ќе биде свикана и прес-конференција за сите останати прашања кои во јавноста лебдат. 

Буџетот требаше да биде разгледуван на претходната владина седница која се одржа неделава, но сепак беше одлучено тој да се разгледува престојната работна седмица. Како и во досегашната пракса така и овојпат се очекува најмногу пари да се одлеат во Министерствата за труд и за финансии со над 800 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари