Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина 7 милиони
Foto

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина 7 милиони

Во САД, бројот на заразени со коронавирус надмина седум милиони, само неколку дена откако бројот на починати од Ковид-19 во таа земја се искачи на 200.000.

Според објавената статистика, во САД, повеќе од 700 луѓе умираат секој ден од Ковид-19, над 40 000 се разболуваат, а кога станува збор за бројот на случаи, најголемиот број случаи, повеќе од 800.000, е регистриран во Калифорнија.

Во сојузните држави во централен Запад, со исклучок на Охајо, има зголемување на бројот на случаи од средината на септември, најмногу во Јужна и Северна Дакота, а сите нови случаи во двете држави поврзани се со трки со мотори.

0 Коментари

Остави коментари