Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 13 милиони лица
Foto

Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 13 милиони лица

Во светот веќе има над 13 милиони, поточно 13.041. 695 заразени лица со коронавирусот, пренесе страницата „Ворлдметерс“.

Според неа, од Ковид-19 досега умреле 571.660 луѓе, додека 7.578.093 се излекувале.

Се уште е најлоша ситуацијата во САД, каде што повеќе од 3,4 милиони луѓе се заразени со вирусот, додека 137.733 лица умреа.

На второ место по бројот на заразени и мртви е Бразил со повеќе од 1,8 милиони случаи и 72.100 смртни случаи.

Следува Индија со 879.466 заразени, Русија 727.116 заразени и Перу со 326.326 заразени.

Повеќе од 300.000 заразени лица уште имаат Чиле, Шпанија и Мексико, а на деветтото место е Велика Британија со 289.603 заразени лица. Јужна Африка е на 10-то место во светот по бројот на инфектирани со 276.224 случаи.

0 Коментари

Остави коментари