Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз, во интервју за Гласот на Америка оценува дека бугарското вето носи бројни ризици бидејќи одредени држави, како Русија и Кина, кои не ги делат вредностите за европа како слободна и обединета, може да ја искористат ситуацијата за нивен стратешки интерес. Затоа, порачува амбасадорката, потребно е да почне пристапниот процес за Северна Македонија во ЕУ.
0 Коментари