Британскиот премиер Борис Џонсон хоспитализиран поради коронавирусот
Foto

Британскиот премиер Борис Џонсон хоспитализиран поради коронавирусот

Ќе победиме во борбата со пандемијата, им порача на Британците кралицата Елизабета Втора во вонредното обраќање до нацијата. Во едно од ретките обраќања, кралицата ги повика граѓаните да останат обединети и решителни и дека само на тој начин ќе ја надминат кризата. 

„Оваа пандемија го смени целиот наш свет. Сме се соочувале со предизвици и порано, но овојпат е поинаку. Овојпат се придружуваме на сите нации во светот во нашата зедничка цел, да ги искористиме огромните предности на науката и нашето инстинктивно сочувство за да оздравиме - и тој успех ќе биде на секој од нас. Се надевам дека во годините кои доаѓаат, сите ќе можеме да бидеме горди како сме реагирале во кризата. Треба да најдеме утеха во тоа дека, иако имаме уште многу да издржиме, подобрите денови ќе се вратат.“ - изјави кралицата.

А Британскиот премиер Борис Џонсон е примен на лекување в болница, десет дена откако неговиот тест за коронавирус се покажа како позитивен. Портпарол на британската влада вели дека Џонсон се наоѓа во добра состојба а дека ова е само превентивна мерка, преземена по совет на личниот лекар на британскиот премиер.

„Премиерот се уште има симптоми на коронавирусот 10 дена по тестирањето. Ова е чекор на претпазливост. Премиерот им се заблагодарува на здравствените работници за целата своја неверојатна напорна работа и ја повикува јавноста да продолжи да ги следи советите на владата да остане дома.“ - се наведува во соопштението на британската влада

Иако американскиот претседател вели дека САД почнуваат да гледаат светло на крајот на тунелот, медицинските лица велат дека државата влегува во критичната недела од пандемијата и дека претстои исклучително тежок период. 

„Ова ќе биде најтешката и најтажна недела во животите на многу Американци. Тоа ќе биде нашиот Перл Харбор и 11-ти Септември.“ - изјави изјава Џером Адамс, шеф на јавните здравствени служби во САД.

Во изминатите 24 часа Во Германија се потврдените случаи 3.677 случаи на заразени со новиот коронавирус со што вкупната бројкам на заболени во државата се искачи на 95 илјади ...сепак, од германската влада велат дека тоа е помалку во споредба со претходниот период и дека веќе четврти ден по ред има намалување на бројот на заразени. И француското министерство за здравство соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирусот постепено почнал да се намалува.

И Јапонија се подготвува за вонредна состиојба откако само во Токио беа пријавени повеќе од 1000 случаи на заразени со ковид 19. Според јапонските медиуми, новите мерка ќе стапат во сила во текот на оваа недела.

Кинеската влада пак пријави нови 39 случаи на заразени со ковид 19. Од Пекинг велат дека истовремено расте и бројот на асимптоматски случаи.

0 Коментари

Остави коментари