Британскиот парламент вечерва ќе гласа за договорот за „Брегзит“
Foto

Британскиот парламент вечерва ќе гласа за договорот за „Брегзит“

Велика Британија се подготвува за историското гласање за договор за Брегзит кој минатата година го постигнаа Тереза Меј и првите луѓе на Европската Унија. Во пресрет на гласањето, Британската премиерка ги повика пратениците уште еднаш да го проучат Договорот кој е постигнат со Брисел.

„Им порачувам на пратениците од двете страни на Парламентот, што и да одлучиле, во следните 24 часа да го проучат договорот уште еднаш. ЕУ ќе ја напуштиме на 29 март. Верувам дека поради нашата демократија е важно да ги спроведеме резултатите од референдумот од 2016 година.“  изјави Меј.

Ова ќе биде втор обид да се изгласа договорот откако претходниот обид беше одложен. Сепак, дел од Британските медиуми пренесуваат дека Меј нема да успее да ја обезбеди потребната поддршка во Парламентот. Во тој случај, можни се повеќе сценарија – од распишување нови избори, нов референдум или дури излегување на Велика Британија од ЕУ без договор. На Меј и требаат 318 гласа за да биде усвоен договоерот, но во моментиов таа го нема неопходно мнозинство. Дополнителен проблем се и неколкуте членови на нејзината партија кои рекоа дека ќе гласаат против нејзиниот план.

А Белгискиот премиер Шарл Мишел најави дека неговата Влада размислува за нов „итен закон за Брегзит“, со цел да се подготви земјата во случај на негативна одлука на британските пратеници. Шефовите на кабинети на белгиските министри ќе одржат состанок во текот на денешниот ден за да се разгледаат сите опции но и ќе треба да подготват предлог-закон.

0 Коментари

Остави коментари