Британскиот Парламент суспендиран на пет недели
Foto

Британскиот Парламент суспендиран на пет недели

Парламентот на Велика Британија е суспендиран рано утрово за пет недели, до 14 октомври – само две недели пред закажаниот датум за Брегзит, на 31 октомври.

Пратениците го отфрлија предлогот за одржување предвремени избори, за кои се залагаше премиерот Борис Џонсон.

Одлуката за стопирање на работата на Парламентот беше критикувана од спикерот на Претставничкиот дом Џон Беркоу.

Тој вчера најави дека ќе замине од функцијата најдоцна до крајот на октомври, по десет години на тоа место.

Опозицијата го обвинува премиерот дека се обидува да ги спречи парламентарците да го разгледаат неговиот план за Брегзит.

Првпат по повеќе од 70 години, британската Влада го суспендираше Парламентот.

0 Коментари

Остави коментари