„БРИТАНИЈА НА НОЗЕ“ ПО ОДЛУКАТА ЗА СУЗПЕНЗИЈА НА ПАРЛАМЕНТОТ
Foto

„БРИТАНИЈА НА НОЗЕ“ ПО ОДЛУКАТА ЗА СУЗПЕНЗИЈА НА ПАРЛАМЕНТОТ

Одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира Парламентот ги извади жителуите на Велика Британија на улица. Извикувајќи слогани со кои се осудува премиерот, за многумина, ваквата одлука на Џонсон преставува државен удар. Преку милиони жители на државата веќе се потпишаа на петицијата против распуштање на Парламентот.

„Борис Џонсон ја спречи работата на парламентот. Демократијата каква што ја знаеме повеќе не постои.“

Не ја добивме демократијата на поклон. Таа беше извојувана преку борбата на нашите предци. Нема да дозволиме еден премиер, кој не беше избран од народот, да ја запре работата на парламентот.“

За подржувачите на Џонсон ова е исправна одлука и не се коси со уставот. Според нив, со ова ќе се спречи Парламентот да донесе одлука која е против волјата на граѓаните.

„Луѓето кои протестираат надвор се оние кои не сакаат да ја напуштиме Европската Унија. Сигурно се многу гневни поради ваквата одлука но морам да им порачам дека на 31-ви, ние ќе си заминеме.“  изјави Џејкоб Рис Мог - Претседател на Долниот дом на британскиот Парламент.

Владата на британскиот премиер денеска им порача на пратениците кои сакаат да спречат Брегзит без договор да донесат закон или да ја соборат владата. Преставници на најголемата опозициска партија најавија дека следната недела ќе побараат итна расправа за Брегзит а лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин упати и критика до кралицата.

„Оваа одлука е неуставна. Ова е обид на премиерот кој го избра мал број на луѓе, мал дел членови на конзервативната партија, да го заобиколи парламентот и да го бликира усвојувањето на законот со кој би се спречило земјата да ја напушти Европската унија без договор. Џонсон на секој начин сака да го следи Доналд Трамп. Ова е едноставно неверојатно.“  изјави Џереми Корбин – Лидер на Лабуристичката партија.

Според анкетата која ја спроведоа дел од британските медиуми, само 27 отсто Британци го поддржуваат едномесечниот прекин на работа на Парламентот додека пак четириесет и седум отсто се против.

Во анкетата се додава и дека 51 отсто од поддржувачите на напуштање на ЕУ го одобруваат потегот на Џонсон. Британија првично требаше да ја напушти ЕУ на 29 март, но Парламентот неколку пати го одбиваше договорот кој беше постигнат. Новиот датум за напуштање на унијата е 31 октомври.

0 Коментари

Остави коментари