Браун: Ферстапен ќе има голема улога во Ф1 следната деценија
Foto

Браун: Ферстапен ќе има голема улога во Ф1 следната деценија

Спортскиот директор во Формулка 1, Рос Браун, искажа пофални зборови за пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

– Следната сезона ќе биде пресвртница за Формула 1. Макс Ферстапен ќе игра голема улога. Холанѓанецот имаше одлична година, особено во вториот дел од минатата сезона кога само Хамилтон освои повеќе поени од него.

На 21 година тој веќе тестиран како ветеран, покажувајќи невиден талент и потврдува дека ќе биде еден од протагонистите во следната деценија во Формула 1.

– Но, него му треба да оди чекор понатаму во врска со психологијата, со цел да се избегнат непотребни грешки и да ги контролира своите емоции. Во борбата за титулата тој треба да расудува со студена глава, вели Рос Браун.

Изминатата сезона, ферстапен ја заврши на четвртото место во Генералниот пласман со 249 бода.

0 Коментари

Остави коментари