Божиновски: ЕУ во моментов не е подготвена да прими нови членки
Foto

Божиновски: ЕУ во моментов не е подготвена да прими нови членки

„Јасно беше доколку се остават незавршени прашања, дека ке има проблем, јасно беше дека Бугарија чека да се тргне Грција за тие да почнат со нивните барања. Бугарија која е тазе членка во ЕУ, таа влезе стратешки, ниту Бугарија ниту Романија не беа подготвени за влез. Откако ќе станеш еднаков со другите, многу е потешко да се наметне да се направат реформи. ЕУ беше некакво светло на крајот на тунелот, изминативе 30 години. Дека има некој заговор против Македонија - нема. ЕУ во моментов не е подготвена да прими нови членки, треба да се реформира, треба самата да реши еден куп прашања. Сите слабости таму излегоа на површина со Ковид кризата“ - вели Владимир Божиновски, политички аналитичар во Студио 10 на ТВ24.

 

0 Коментари

Остави коментари