Ботас победник на првата трка од новата сезона во Формула 1
Foto

Ботас победник на првата трка од новата сезона во Формула 1

Финецот Валтери Ботас од Мерцедес победи во првата трка од Шампионатот во Формула 1 возена попладнево на патеката „Ред Бул“ во Австрија. За него ова е осма победа во неговата Ф1 кариера.

Вториот заврши Луис Хамилтон исто така од Мерцедес, но поради казна од пет секунди по сударот со Алекс Албон (Ред Бул), Британецот го изгуби подиумот и на крајот се најде на 4. место.

Како втор на победничкиот подиум се искачи Шарл Леклер (Ферари), додека трет е Ландо Норис (Мекларен). Трката ја одбележаа голем број инциденти и откажувања поради проблеми со болидите.

Целта ја поминаа само 11 од дваесетте болиди кои се најдоа на стартот. Од 5-11 место се најдоа: Саинц, Перез, Гасли, Окон, Џовинаци, Фетел и Латифи. На крај, победниците симболично позираа со маицата на која пишуваше Крај за расизмот.

Шест од дваесетте пилоти во Формула 1 пред почетокот на австриското Гран-при одбија да клекнат на едно колено. Сите возачи излегоа на почетното место на патеката „Ред Бул“ во маички со пароли „Крај на расизмот“ и „Црните животи се важни“ како дел од акцијата насочена кон борба против расната нееднаквост.

Сепак, сите не решија да клекнат, што е гест на ова движење. Не клекнаа: Шарл Леклер (Ферари, Монако), Макс Верстапен (Ред Бул, Холандија), Карлос Саинс (Мекларен, Шпанија), Кими Раиконен (Алфа Ромео, Финска), Антонио Џовинаци (Алфа Ромео, Италија) и Данил Квајт (Алфа Таури, Русија). 

Foto

0 Коментари

Остави коментари