Ботас освои пол-позиција во драмата во Баку
Foto

Ботас освои пол-позиција во драмата во Баку

Мерцедес ја продолжи доминацијата од почетокот на сезоната во Формула 1 со окупација на првиот стартен ред за трката во Азербејџан. На денешните квалификации најбрз беше Валтери Ботас, пред Луис Хамилтон и Себастијан Фетел. Финецот од Мерцедес ја освои пол-позицијата во последните секунди од сесијата во Баку со нов рекорд на патеката, 1:40.495. Хамилтон задоцни 59 илјадити делови од секундата, а Фетел заврши трет со три десетинки задоцнување. Неговиот тимски колега, Шарл Леклер, беше дел од драмата на улиците во Баку, затоа што се заби во еден заштитен ѕид, само половина час откако Роберт Кубица од вилијамс го напарви истото, на истото место. Поради двата инцидента квалификациите траеја два наместо еден час со два големи прекина. Ферстапен заврши четврти, а неговиот тимски колега Пјер Гасли ќе тргне од боксот, поради казна заработена на вториот петочен тренинг. Првата десетка ја комплетираат Перез, Квјат, Норис, Џовинаци и Раиконен, со тоа што и Џовинаци има казна, од десетѕ позиции поназад, поради промена на дел од погонската единица. Трката во Баку ќе почне утре во 14 часот, со директен пренос на телевизија 24..

0 Коментари

Остави коментари