Ботас останува во Мерцедес, Окон оди во Рено во 2020
Foto

Ботас останува во Мерцедес, Окон оди во Рено во 2020

На истекот од летната пауза во Формула 1, конечно пукна информацијата дека Валтери Ботас ќе остане во Мерцедес. По многу шпекулации, германскиот тим, сепак, го задржа Ботас како партнер на Луис Хамилтон и во следната 2020 сезона. Велат дека минатата година поставиле цел, тој подобро да ја почне 2019 и успеа во тоа, со две победи и четири пол-позиции. По 12 трки заостана зад Хамилтон и сега се бори за второто место со Ферстапен, но и покрај се го задоволил Тото Волф и раководството на Мерцедес. Вториот кандидат за седиштето во „сребрената стрела“ беше резервниот возач, Естебан Окон, за кого денеска Рено објави дека ќе го донесе во своите редови и тоа на местото на Нико Хулкенберг. Тој, пак, ќе бара нов ангажман, најверојатно во Хас, како замена за Ромен Грожан. Окон лани возеже за Форс Индија, но беше заменет со Ленс Строл, а потоа вработен во Мерцедес како резервен возач. Идната сезона ќе биде партнер со Даниел Рикардо.

0 Коментари

Остави коментари