Ботас и Гасли најбрзи на петочните тренинзи
Foto

Ботас и Гасли најбрзи на петочните тренинзи

Пјер Гасли од Ред бул беше најбрз на првиот, Валтери Ботас од Мерцедес на вториот слободен тренинг, пред Формула 1 трката во Силверстоун. Мерцедес покажа најдобра симулација во услови на трка, а демонстрираа и брзина за квалификациите, преку 1-2 времиња на вториот тренинг. Ботас имаше за 69 илјадитинки побрз од Хамилтон, трет и четврти беа возачите на Ферари, Шарл Леклер, па Себастијан Фетел и двајцата со околу 5 десетинки заостанување.

Првата десетка ја дополнија Гасли, Норис, Ферстапен, Саинц, Албон и Перез, со тоа што голем дел од болидите имаа проблеми. Ветрот ги натера, речиси, сите да излетаат на тревнатиот дел на некои од свиоците, а пилотите на Ферари и на Ред бул се пожалија на преголемо трошење на гумите. На првиот тренинг најбрз беше Гасли, пред Ботас и Ферстапен. Имаше прекин поради дефект на Алфа ромео-то на Кими Раиконен, кој застана сред патеката, па мораше да биде развеано црвено знаме, а бизарен инцидент имаше Ромен Грожан од Хас, кој се удри во оградата додека возеше во пит-лејнот, со ограничена брзина.

Квалификациите се утре во 15 часот, а во ист термин е и почетокот на трката в недела, двете со директен пренос на телевизија 24.

0 Коментари

Остави коментари