Борис Џонсон е хоспитализиран поради коронавирусот
Foto

Борис Џонсон е хоспитализиран поради коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон е примен на лекување в болница, десет дена откако неговиот тест за коронавирус се покажа позитивен, објави Би Би Си.

– Џонсон продолжува да има постојани симптоми на коронавирусна инфекција, истакна портпарол на Даунинг стрит.

Тој објасни дека хоспитализирањето на Џонсон претставува „превентивна мерка“, преземена по совет на личниот лекар на британскиот премиер. 

Џонсон останува да ја предводи Владата и ги повика граѓаните да ги почитуваат неговите совети за социјално дистанцирање.

0 Коментари

Остави коментари