Болтон за ТВ 24: Македонија треба да биде рамноправна за извозот на челик
Foto

Болтон за ТВ 24: Македонија треба да биде рамноправна за извозот на челик

Британската „Либерти групс“ ја купи компанијата „Арцелор Митал“. За колкав износ е направена зделката не се открива, но новите сопственици најавуваат сериозен бизнис план.

Велат се надеваат дека дијалогот на Владата со ЕУ за квотите за челик ќе резултира со успех, бидејќи и челикот од Македонија е челик од ЕУ и за него не треба да важат посебни правила.

Македонија да биде рамноправна со членките на ЕУ за извозот на челик, порачува новиот сопственик на „Арцелор Митал“, Џон Болтон во интервју за ТВ 24.

0 Коментари

Остави коментари