Болсонаро забрани палење на шумите во наредните 60 дена
Foto

Болсонаро забрани палење на шумите во наредните 60 дена

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро потпиша уредба со која се забранува палење на шумите во наредните 60 дена заради добивање земјоделски површини, со цел да се спречи ширење на пожарите кои уништија делови од Амазонија.

Периодот за забрана за палење на шумите се поклопува со периодот на суша, кога пожарите најчесто се случуваат. Инаку, со уредба е дозволено палење во некои случаи како оние кои се сметаат дека се здрави за растителниот свет и ако е одредено од староседелците.

– И илегално и легално палењето на шумите се случува во Бразил. Ќе биде вистински предизвик тие да се препознаат и разликуваат, вели екологот Џиангминг Џиао.

Според шумскиот законик на Бразил, на фармерите можат да подметнуваат пожари доколку имаат дозвола од властите.

0 Коментари

Остави коментари