Болниците од Истокот имаат недостиг од лекари
Foto

Болниците од Истокот имаат недостиг од лекари

Никој не сака да работи во Итната медицинска помош во Делчево и Македонска Каменица. 

На последните конкурси за прием на нови лекари не се пријавил ниту еден кандидат. Тоа ја кочи и реализацијата на специјализациите по интерно и неврологија, што Здравствениот дом од Делчево веќе ги доби од Министерството за здравство. 

Во Македонска Kаменица наместо четири работат само три, додека во Делчево тимовите во итната медицинска помош ги водат четворица лекари. Недостатокот  се покрива со 12-те матични лекари, но никој од нив не сака од приватно да дојде во државно здравство. 

Лекари специјалисти недостигаат речиси секаде во помалите општини од истокот. Некаде нема педијатри, некаде со години се чекаат интернисти. Просечната возраст на специјалисти во овој регион е околу 6О години. За разлика од другите градови, Штип како регионален центар нема проблем со специјалистите, иако има малку анестезиолози и ортопеди, но им недостигаат болничари и хигиеничари.  

Поради доцнење со административните процедури дури догодина може да се распише конкурс за вработувања на неопределено. Сега  70-ина луѓе работат за минимален надомест поради што дел од нив тешко се задржуваат на работа. 

Анализите на невладиниот сектор говорат дека поради стареeњето на населението и бранот иселувања на лекарите, државата тешко ќе го покрие недостигот, особено во помалите општини. Нивните истражувања покажаа дека на истокот од државата му недостигаат 190 лекари да стигне до европскиот просек.

0 Коментари

Остави коментари