Болницата во Козле полна со деца со инфекции на белите дробови
Foto

Болницата во Козле полна со деца со инфекции на белите дробови

Брисеви и серуми од децата кои ја претплавија гевгелиската болницата утре ќе бидат испратени во МАНУ, за да се испита причината за белодробно заболување, за кое епидемиологот Сашо Олумчев смета дека е од непознато потекло. 

„Болницата утре ги праќа материјалите во МАНУ, во договор со педијатрите одлучивме да ја ја искоритиме и оваа последна можност. Земавме брисеви и серуми од сите деца, дури и од тие што се опоравија. За 15 до 20 дена има 50 деца со бронхопенвмонија, некои со ниска сатурација и температура, што за Гевгелија како општина е голема бројка“, изјави за ТВ 24, д-р. Сашо Олумчев, епидемиолог во Центарот за јавно здравје во Гевгелија. 

Најмногу од заболените деца се меѓу 2 и 4 години, дел се хоспитализирани во гевгелиската болница, а 20 тина  примаат терапија во дневната.  Потешките случи се пратени во болницата во Козле. Директорот Бесник Зеќири потврди дека имаат наплив од деца со вирусни и  бактериски инфекции на горни и долни дишни патишта, за кои вели дека се невообичаени за ова време од годината. 

„Во моментот се хоспитализирани 40 деца, 30 се со бронхопневмонија, температура, кашлица, а 10 со дијареја, повраќање. Сите лабораториски анализи покажаа дека се работи за познати вирусни и бактерски инфекции. Толкав наплив е невообичаен за ова време, но претпоставуваме дека децата не биле носени на матичен лекар, не доаѓале на контрола заради пандемијата“, изјави за ТВ 24 директорот Бесник Зеќири. 

Тој рече дека секој ден амбулантски имаат по 50-60 деца на преглед и контрола. Освен од Гевгелија има заболени деца и од други градови. 

0 Коментари

Остави коментари