БОЛЕСТ ГИ ОДЛОЖИ СЛУЧАИТЕ НА СЈО
Foto

БОЛЕСТ ГИ ОДЛОЖИ СЛУЧАИТЕ НА СЈО

Кривичниот суд се трупа со медицински боледувања, а високопрофилните случаи се одложуваат. Катица Јанева денеска не стигна да се соочи со нејзината колешка Лиле Стефанова која ја води „Империја“, која беше повикана како сведок во „Рекет“. И двајцата адвокати на поранешната шефица на СЈО, секој со различна дијагноза отсуствуваше од денешното судење. Дељо Кадиев бил хоспитализиран на инфективната клиника, а Ирена Фрчковска треба дополнително да докаже на судиите од што е болна. Се одложи и судењето ТНТ, по шести пат во еден месец обвинетиот Тони Трајковски не дојде да му се суди.

Од што е болен поранешниот градоначалник јавноста не слушна. Внатре пред судиите дијагнозата ја правдаше невропсихијатарката Викторија Вујовиќ. За овој случај судијата Огнен Ставрев има веќе три неуспешни обиди да го почне одново, по оставката на поротничката Лилјана Ивановска Кочковска. Токму за да се одржи судењето за „ТНТ“, наместо денеска случајот „Тендери“ е презакажан за друг термин.

Во „Тендери“ обвинета е поранешната министерка Елизабета Канческа Милевска. Таму главен судија е Осман Шабани, кој е дел и судечкиот состав во ТНТ. Судиите Ставрев и Шабани судат и во Монструм кој исто така се одложуваше поради поклопување на термините со „ТНТ“. Овој процес за уривањето на Космос трае веќе две години, а оштетени се бизнисмените Ардијан Амзоски и Фиат Цаноски. Според обвинението од СЈО објектот по нарачка на Никола Груевски бил срушен од политичка одмазда.

0 Коментари

Остави коментари