Богојевски за тв 24: Гоце Делчев не е толку габаритна личност за ВМРО, но е значаен за македонскиот автономизам
Foto

Богојевски за тв 24: Гоце Делчев не е толку габаритна личност за ВМРО, но е значаен за македонскиот автономизам

Петар Богојевски од Македонски концепт, во денешното гостување во 24 анализа, смета дека мора да се познаваат добро термините и дека зборовите бугарин и македонец во минатото имале поинакво значење. Историјата е сериозна наука, смета тој и додаде дека е база која ја креира иднината и сега имаме многу фејсбук истричари.

„Гоце Делчев не е толку габаритна личност за ВМРО, но е значаен за македнскиот автономизам. Македонскиот денешен современ идентитет се развива во неколку фази, сепаратизмот, автономизмт и независноста. за да ги решиме проблемите мора да направиме апдејт на југословенската теорија за поимот македонец“  рече Богојевски.

Своевремено зборот бугарин имал двојно значење, државен идентитет и религиозен. Тој ги повика Димитров, Османи, Пендаровски, Заев да бидат повнимателни кога го дискутираат ова прашање кое задира во најдлаболките емоции на народот.

0 Коментари

Остави коментари