Богојески: Неприфатливо е да се промовира етнички концепт за било која функција
Foto

Богојески: Неприфатливо е да се промовира етнички концепт за било која функција

Лидерот на „Македонски концепт“ Петар Богојески регираше на објавата на фејсбук од претседателот на ДУИ Али Ахмети во врска со неговото пишување дека за иден премиер на Македонија да биде избран Албанец. Богојески на ФБ напиша: 

„Има ли храброст Али Ахмети да прифати концепт на граѓанска држава, држава на индивидуалци, а не држава на повеќе народи, не држава на колективитети?!?

Има ли чест Али Ахмети да прифати систем на индивидуални права, однос граѓанин, поединец со Републиката, а не колективитет со државата? Да прифати укинување на секаков тип на позитивна дискриминација во земјава, несреќно наметнат со Охридскиот договор?!?

Или ли разбирање Али Ахмети да прифати целосна фискална децентрализација на сите општини?!?

Има ли дозвола Али Ахмети да прифати промена на Устав, со цел забрана за постоење на етнички партии?!? Нема веќе политички партии со етнички предзнак, нема веќе албански, турски, српски или македонски политички партии, туку само граѓански партии!

Има ли разум Али Ахмети да прифати една изборна единица, а секој носител да биде претендент за иден премиер?!? Па оној кој добие највеќе гласови, тој ќе формира Влада! Ако е Албанец носител на листа, секако тој ќе биде премиерот... исто и ако е Турчин, Србин или било што, по етничка определба!

Албанец може да биде премиер на Македонија, но прво да ја добие довербата од сите граѓани и од оние во Штип и Струмица! Не може со програма само за Тетово и Гостивар, да се бара премиерски мандат! Тој треба да претендира да биде премиер на сите граѓани, а не само на Албанците!

Нас ни треба систем во кој најдобриот меѓу нас ќе биде премиер, а не по основ на политичка трговија или етнички клуч! Тој што претендира да биде премиер ќе им се обрати на сите граѓани, а не само на Македонците или на Албанците!

После вакви уставни предуслови, секој може да биде премиер, без разлика кој етнички, религиски или партиски идентитет го носи во себе!“ - напиша на фејсбук Богоевски.

0 Коментари

Остави коментари