Блиц: Индиции, на 15 мај Соборот на СПЦ е одобри канонско единство со МПЦ
Foto

Блиц: Индиции, на 15 мај Соборот на СПЦ е одобри канонско единство со МПЦ

Актуелната ситуација со решавањето на статусот на Македонската Православна Црква и надминувањето на црковниот спор, главна тема на средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и поглаварот на МПЦ,  г.г. Стефан.

Од кабинењтот на шефот на државата велат дека се утврдени и следните чекори во процесот на целосно заокружување на автокефалноста на Македонската Православна Црква.

Неколку дена откако Вселенската Патријаршија ја призната црковната хиерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна со што според МПЦ, се потврдува вековниот црковен континуитет, не стивнуваат реакциите во православниот свет. Според српски Блиц, соборот на српската православна црква  што почнува на 15 мај, ќе расправа за одлуката на патријархот вартоломеј, кој ја призна македонската православна црква како „охридска архиепископија“.

есникот наведува и дека има индиции дека владиците ќе одобрат таа повеќе да не се третира како „расколничка”, односно да дојде до канонско единство.

- Дали тоа „канонско единство“ подразбира автокефалност засега е неизвесно, но она што е сигурно е дека постои можност да се реши спорот, кој датира од 1967 година, кога „таканаречената Македонска православна црква се оддели од СПЦ. На таа одлука, доколку Соборот на СПЦ се согласи и претходеа обновени разговори меѓу српскиот патријарх Порфириј и претставници на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се одржаа на преговарачката маса во Ниш во најголема тајност. “ - пишува Блиц.

Зворничко-тузланскиот владика Фотиј, пак вели дека Соборот на Српската православна црква сега е пред голем предизвик, но побара единство за да се надмине проблемот кој потекнува од шеесетите години на минатиот век.

0 Коментари

Остави коментари