Благ пад на бројот на новозаразени со коронавирусот во Македонија
Foto

Благ пад на бројот на новозаразени со коронавирусот во Македонија

Нови 120 случаи на Ковид-19 вчера беа регистрирани од направени 1.367 тестирања во претходното деноноќие. Пет лица починаа, од кои по двајца од Скопје и Тетово и еден од Куманово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65-годишен пациент. Во ГОБ „8 Септември“ почина 46-годишна пациентка, кај која вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово починаа две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот Ковид – 19 е дијагностициран постмортем.

Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица. Со последните статистички податоци, бројот на заразени се искачи на 7.244, на починати 351, а оздравени 3.324. Се уште се активни 3.569 заразени со коронавирусот.

Најмногу активни случаи се во Скопје, со вчерашните 63 инфицирани, вкупно 1.941 случај, најмногу во Чаир 373 Од другите градови најмногу заразени има во Тетово со 373, потоа Куманово со 197, Охрид 180 и Штип 160.

На Инфективната клиника хоспитализирани се 87 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, три деца позитивни и два суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 115 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари