Бизнисот не верува во владините економски проекции
Foto

Бизнисот не верува во владините економски проекции

Бизнисот е скептичен дека Владата ќе ги реализира предвидените 426 милиони евра капитални инвестиции догодина. Сомнежот во владините проекции го гледаат во тоа што иако и годинава се планираа да се потрошат 390 милиони евра за капитални проекти, се реализираа само 41 насто. Велат планираниот економски раст од 2,8 проценти за оваа година може да се оствари само доколку реализацијата на капиталните инвестиции е над 80 проценти. Реагираат на високиот јавен долг кој годинава достигна 48,2 насто, од БДП и апелираат кредитите кои ги зема владата да се користат за продуктивни цели. Но бараат и националноста да биде составен дел на претстојниот попис на населението во земјава. Незадоволни се од премиерот Зоран Заев бидејќи не ги исполнил нивните барања кои ги упатиле лани во јули. До премиерот адресирале 39 барања, а до сега се одговор добиле само на две.

„А тоа е продолжувањето на рокот на приватизација и во предлог законот за јавни набавки каде најниската цена нема да биде критериум за избор за најдобра понуда. Барањата што ги пренесовме минатата недела до вицепремиерот и петте министри во економскиот ресор беа барања кои беа од сите комори и врз основа на тоа тој ни вети дека до крајот на оваа недела ќе имаме одговор брез разлика далиќе биде позитивен и ли негативен за 34 барања кои беа пренесени до владата.“ - вели Неби Хоца – претседател на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.

Мораториумот за градба во општините и укинувањето на деталните планови се главна кочница за градежништвото – а секторот поради слабата реализација на капителните проекти дополнително се соочува со огромни ризици. Од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија бараат промена на законските регулативи во областа на градежништвото.

„Од страна на премиерот ни е ветрено дека се работи на промена на законот со кој ќе се премости проблемот на  дуповите“ - вели Дриљон Исени – извршен директор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.

Од Комората бараат од Владата за наредната година да се спроведат ефикасни реформи во администрацијата, да се забрза реализацијата на капиталните инвестиции како и тоа да не се носат закони по брза постапка без консултација со бизнисот.

0 Коментари

Остави коментари