Бизнисот го поздравува постигнатиот договор за изборите
Foto

Бизнисот го поздравува постигнатиот договор за изборите

Бизнисот го поздравува постигнатиот договор за изборите. Очекуваат стабилна влада и функционален парламент. Од стопанските комори велат дека секогаш биле против честите избори кои имаа негативен ефект врз економската активност.

Но, имајќи предвид дека се наоѓаме во вонредна состојба поради ковид-19, а како последица на тоа и три месеци сме во социо-економска криза, сметаат дека земјава има потреба од целосна институционална структура за да се справува со оваа криза.

Поради пандемијата и вонредната состојба, велат дека бизнисот загуби половина од деловната година, а веројатно и другата половина нема да биде сјајна.

0 Коментари

Остави коментари