Бизнисот бара да се тргнат бирократските пречки за да можат да увезуваат работници од странство
Foto

Бизнисот бара да се тргнат бирократските пречки за да можат да увезуваат работници од странство

Бизнисот бара да се тргнат бирократските пречки за да можат полесно да увезуваат работници од странство. Велат и глобалниот индекс на конкурентност покажува дека назадуваме кај работната сила и дека бизнисот нема стручен кадар за своите потреби.

Земјава е рангирана на 82-то место од 141 држава во светот во најновиот извештај за глобалниот индекс на конкурентноста на Светскиот економски форум. Од комората на Северозападна Македонија велат дека иако сме две места подобри од лани, сепак земјава тапка во место во клучни параметри. Остануваме слаби и кај параметрите за институциите, а назадуваме кај инфраструктурата посебно во делот на квалитетот на патиштата.

0 Коментари

Остави коментари